Дестинација Контакт Facebook     

ДЕТСКА НЕДЕЛА


ДЕТСКА НЕДЕЛА, првата полна недела во месец октомври, Меѓународна манифестација на УНИЦЕФ, во која ги одбележуваме Светскиот ден на детето, Светскиот ден на учителот, и други разновидни содржини и активности со песни, спортски игри, работилници со родители, куклени претстави.

Во тематското планирање на градинката е вклучена и темата за татковината која овозможува формирање на основни сознанија и позитивни патриотски чувства. Прослави на општествени празниици и посети надвор од градинката ги збогатуваат социоемоционалните доживувања на децата и позитивен однос кон општествената средина.

Во една од творечките работилници добивме од децата искажувања и цртежи како децата го рабираат поимот за татковина, мир, војна. Дел од детските бисери ги споделивме на средба со Претседателот Стево Пендаровски и Министерката за одбрана Радмила Шекеринска.