Дестинација Контакт Facebook     

Хуманитарна акција


ЈУДГ „Детска радост“ во соработка со Црвен крст на Република Северна Македонија, Општинска организација Гази Баба – Скопје, по повод Детската недела која се одбележува во првата полна недела од месец октомври се реализираше хуманитарна акција под мотото „Јас избирам здравје, а ти?“ во период од 04.10-08.10 2021 год. за обезбедување на прехрамбени и хигиенски артикли како и половна облека и обувки наменети за деца од социјален ризик.

Собраната донација соодветно беше селектирана, спакувана и дистрибуирана до домовите на 21 социјално загрозени, многудетни семејства.

Голема благодарност до родителите од нашата градинка кои се вклучија и учествуваа во оваа хуманитарна акција.

ОД ДЕТЕ ЗА ДЕТЕ