Дестинација Контакт Facebook     

Мисија и Визија


 
МИСИЈА
Градинка во која децата растат низ другарство, игра, приказни, песни, знаења за многу нешта. Разбирање, доверба, соработка меѓу родителите, градинката и средината во заедничка грижа за развојот и воспитувањето на децата.
 
ВИЗИЈА
Деца – родители – стручни лица
Чекорење низ детството со радост во откривањето и доживувањето на себеси и светот околу себе. Вредности за добро и убаво. Мостови кои поврзуват различности, спомени и иднина. Креатори на предизвици.
 
ЦЕЛ
Градинката е голема куќа во која децата своите потреби и потенцијали, барања и достигнувања ги насочуваат кон  збогатување и развивање на севкупната личност. Децата учат како да  сакаат, да споделуваат, да создаваат, да се менуваат и напредуваат.
 
СТРАТЕГИЈА
Посветеност кон унапредување на амбиентот, капацитетите, квалитетот во остварување на згрижувачката и воспитно – образовната работа.
Активно учество во дизајнирање на подобра законска и програмска регулатива за обврски, задачи, носители, ефикасност на дејноста. Отвореност и одговорност кон јавноста проток на идеи, пристапи во решавање на проблеми.
Афирмирање на постигањата во работата кои позитивно влијаат на свеста и нивото на ангажирање на сите чинители во предучилишното воспитание и образование.
 
МОТО
ГРАДИНКА СО НАСМЕВКА ЗА ДОБРЕДОЈДЕ