Дестинација Контакт Facebook     

Историјат


Приказната за почетокот и растежот на Детска радост започнува 1955г. Тогаш беа опфатени 90 деца од 5-7 годишна возраст, со пет вработени.

Со растењето на градот и со изградбата на наменски објекти во населбите Автокоманда и Железара – Општина Гази Баба, се прочирува и дејноста.  Така, 1964год. беа опфатени 180 деца во јасли градинка, забавиште со 23 вработени. Следеа нови капацитети во 1972 год, 1979 год. и 1985 год.

Денес градинката „Детска радост“ дејноста ја остварува во 5 работни единици лоцирани во населбата Автокоманда и Железара, со проектиран капаците за опфат на 671 дете и опфаќа деца од 9 месеци до поагање на училиште за кои се грижат 107 вработени.

Градинката своите програмски цели и задачи ги реализира согласно законските одредби: Уставот на Република Македонија, Законот за заштита на децата, Програмата за рано учење и развој,Стандарди за рано учење и развој кај децата од 0 до 6 години, Правилник за стандардите и нормативите за вршење на дејноста на установите за деца, Декларацијата и Конвенцијата за правата на децата, насоките од Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, Општина Гази Баба, научните и стручни институции.

Дејноста на градинката опфаќа организација на згрижување, престој, нега, исхрана воспитно образовни, спортско – рекреативни, културно - забавни активности, со цел за подобрување на здравјето и поттикнување на физичкиот, социо- емоционалниот и интелектуалниот развој на децата до нивното вклучување во основно образование.

Поаѓајќи од водечките принципи и вредности за развој на стандардите за рано учење и развој на децата, фокусот е на поврзаноста на развојните домени, односно комплементарноста на целите, содржините и методите на активностите. Стандардите се ориентациона рамка – што децата треба да знаат и умеат да направат на одредена возраст на секој посебен домен. Активностите се насочени кон поттикнување на нивниот развој во процесот на учење. Важно е почитување на детската природа, неговите индивидуални потреби, љубопитност, социјабилност, комуникациски вештини, когнитивен и креативен потенцијал. Овие определби овозможуваат родителите и стручите лица заедно и усогласено, стимулативно да влијаат на раното учење и развој на децата, на успешен воспитно – образовен процес, како основа за напредок во текот на целото понатамошно живеење.

Објектите на установта низ повеќе децениското работење, со континуирана грижа за одржување, во поглед на условите и опременоста со дидактички средства, материјали и технички помагала се на високо ниво и ги задоволуваат современите потреби и барања според стандардите и нормативите за работа на градинката.

Се работи тематско планирање кое  нуди широк спектар на содржини кои воспитувачот може да ги интегрира во воспитно-образовниот процес поаѓајки од стандардите за рано учење и развој. При изборот на содржините во тематското планирање воспитувачот се раководи од интересите, можностите и потребите на децата кои престојуваат во групата и притоа може да користи различни форми, методи и стратегии за да интегрира содржини и активности од сите домени на развојот. Значајно за тематското планирање е што овозможува флексибилност во просторната и часовната организација за престој на детето, работа во група, како и вклучување на семејството  во воспитно - образовните активности. Преку разнобразноста на понудените содржини нуди можност да се задоволат специфичните интереси на децата како и предизвик за воспитувачите да ја покажат својата креативност и инвентивност.

Содржините на тематското планирање се подржани и со активности од програмата за културна и јавна дејност и проекти. Основа и водилка во сите програмски активности е потикнување на креативноста и творештовото кај децата. Секое дете има барем еден интерес и посебно истакната вештина да се изрази на негов специфичен начин. Работата во група покажува колку децата меѓу себе се слични и различни. Наша задача е да овозможиме средина со материјали и активности кои ќе овозможат поттик кај детето во креативна насока. Афирмирање на творечко и флексибилно мислење е извор на детското мајсторство за богатство на идеи, оригинални решенија, необичност, духовитост, изнаоѓање на нови особини и релации, различен пристап и начини на решавање на проблеми.